Производни линии – производни линии на BABOR

Издржаното научно истражување ја има најважната улога за генетскиот код на BABOR:

Секој чекор, од идеја до готов производ, е направен во Германија.  Нема сомнеж во нашата филозофија дека убавината е нешто многу лично. Секој крем, лосион и ампула е дизајниран за одреден тип на кожа, бидејќи кожата е една и единствена за секој од нас како што ни се отпечатоците на прстите.

Затоа, истражувачите развиваат приспособени прецизни формули за различните типови на кожа. Истражувањето се одвива во нашите BABOR лаборатории со иновативни активни состојки.

Најновата технологија на опремата само го зголемува ефектот на нашите прецизни формули во третманот. Добиениот резултат е исклучително доживување коешто ги соединува прецизното дејство и идеалниот момент на уживање.

Затоа BABOR е уметник за нега на кожа.

CLEANSING


Единствен метод за чистење во две фази.

 

Клучот за убава кожа е во ефикасниот ритуал на чистење со производите од линијата на BABOR Cleansing. Длабоко дејство, чистење во две одделни фази со HY-ÖL и соодветен PHYTOACTIVE што одговара на индивидуалните типови на кожа ја сочинува основата за чистење на лице од BABOR. Линијата за чистење Cleansing исто така вклучува многу други производи за чистење, коишто се развиени за длабоко и интензивно чистење, а истовремено ја задржуваат природната хидролипидна заштитна бариера на кожата.

SKINOVAGE


Палета на интелигентна премиум нега на кожа, извонредно одговара на потребите на сите типови на кожа

 

Интелигентниот врвен/премиум систем за нега на кожа SKINOVAGE од BABOR е индивидуално приспособен, со цел на кожата и да го даде токму тоа што и треба.
Избраните активни формули, кои одговараат на различните потреби на кожата, ги надоместуваат природните недостатоци на кожата и таа ги реактивира сопствените механизми.
Системот SKINOVAGE за нега на кожа, го спречува стареењето на кожата предизвикано од УВ зраците и другите надворешни фактори, па на тој начин обезбедува свеж младешки сјај и рамномерен тен.

AMPOULE CONCENTRATES FP


Најмногу од природата за брзи резултати што се гледаат и чувствуваат.


Комбинацијата од стерилно пакување и ампули за една употреба нуди најчист начин за нега на кожа. BABOR е првата компанија за нега на кожа која што создаде ампули во практично и привлечно пакување, за одредени концентрирани состојки. Експертското знаење, специјализацијата и постојаното усовршување, го направија BABOR лидер на пазарот во оваа област. Овој ефикасен почеток ни донесе голема предност. Како вистински моќни пакувања, течностите нудат моментално видливи ефекти. Тие се пријатни за кожата и сочинуваат палета од високи дози на активни состојки, соодветни за секаков вид и состојба на кожа. BABOR AMPOULE CONCENTRATES FP импресионираат со нивниот впечатлив и видлив ефект.

REVERSIVE


Нега на кожа што ве враќа во младоста со револуционерен RE-YOUTH COMPLEX.


REVERSIVE е колекција за нега на кожа против стареење со Anti-Aging линија со Re-Youth Complex, кој што ја одржува убавината на вашата кожа и ги сокрива малите неправилности.
Re-Youth Complex има моментален смирувачки ефект. Се заснова на модерни активни состојки со силно дејство. Овие состојки ги одржуваат клетките млади подолго време, има ат активно дејство и на кожата и даваат дополнителен сјај и убавина.
Оваа колекција истовремено, ја зголемува отпорноста на клетките на стрес. Обезбојувањето на кожата и нееднаквоста се намалени, а тенот изгледа помазен, изедначен и со свеж, младешки сјај.

HSR lifting


Лифтинг и спротивставување на стареење на највисоко ниво.


HSR Lifting е луксузна, колекција за нега за кожа против брчки што одговара на сите типови на кожа. Се спротивставува на најголемите причини за создавање на брчки: губитокот на волумен и еластичност, забавување на метаболизмот на кожата и стврднувањето на дермалната матрица. Пет активни состојки со силно дејство сочинуваат совршена комбинација за борба против сите видови брчки и губење на тонусот на кожата. Оваа иновативна палета/колекција од прецизно формулирани производи со ефект на зацврстување на кожата, овозможува кожата да изгледа помазна, поеластична и помлада.

DOCTOR BABOR


Вистински решенија за сите потреби на убавината.


DOCTOR BABOR професионалната линија за нега на кожа ја претставува козметиката на прецизни формули „произведено во Германија”. Со своите исклучително ефикасни формули базирани на избрани активни состојки, DOCTOR BABOR поставува нови стандарди на полето на козметиката.

Во далечната 1956 год., кога доктор Михаел Бабор ги разви првите прецизни формули за BABOR, поимите „cosmeceuticals“ или брендот „DOCTOR“ се уште не беа откриени. Но, сега знаеме дека точната концентрација на активните состојки обезбедува интензивна нега на кожата. Тој продолжи да ги развива првите производи за нега на кожа кои што беа посебно приспособени за индивидуални потреби, или со други зборови кажано, тие производи беа „експерти за нега на кожа во домот“. Линијата DOCTOR BABOR му оддава почит на д-р Михаел Бабор и ги поставува највисоките стандарди заедно со мотото на DOCTOR BABOR:
Поефикасно – попрецизно – покреативно.

SeaCreation


Тајната за вечна младост, извира од длабочините на океанот.


SeaCreation е луксузна линија од BABOR за нега против стареење, што содржи вредни активни состојки од длабочините на морето.

Комплексот Sea-telligent ги подобрува функциите на кожата, ја штити кожата од прерано стареење и видливо ги намалува постоечките знаци на стареење.
Резултатот е освежување: длабочината на брчките е значително намалена, а кожата е видливо помазна.
Контурите на лицето се ремоделирани, т.е стануваат помазни и поистакнати.
Тенот изгледа видливо подмладен, полн со енергија и зрачи со природно руменило и сјај.

BABOR SPA


Го чувствувам BABOR SPA


BABOR SPA – луксузна колекција за нега на тело – ги комбинира извонредните велнес мириси со текстури меки како свила и ексклузивните активни состојки добиени од екстракти на матичните клетки на растенијата.
Благодарение на овие активни состојки, производите на BABOR SPA колекцијата се многу пријатни за кожата и овозможуваат ефикасно искуство против нејзино стареење.
Различните ексклузивни мириси допринесуваат да доживеете единствени моменти на уживање и луксузна СПА хармонија на телото, умот и душата.

AGE ID


Убавината на жената почнува во моментот кога таа почнува да се реализира како жена.


Со нејзините ексклузивни текстури и флексибилни нијанси, BABOR AGE ID ги нагласува и ги одразува сите аспекти на женскиот карактер.
Ексклузивната подлога, која што се заснова на истражување за нега на кожата, ги спојува највисоките барања во однос на функционалност, користење, комфор и експресивност, со најновите очекувања од производите против стареење.
Индивидуално приспособливиот концепт Skin & Shape го нагласува посакуваниот лифтинг ефект на линијата BABOR. Ги дефинира или хармонизира контурите на лицето и му дава на тенот младешки сјај.

ANTI-AGING SUN CARE


Безбедно сончање – за природен тен.


Грижа и заштита за прекрасна кожа. Го спречува стареењето на кожата предизвикано од сонце.
Сончевата светлина е добра за нас и создава серотонин, хормон на среќата. Но колку што нам ни е потребно сонцето, толку на нашата кожа и треба заштита од него. ANTI-AGING SUN CARE колекцијата од BABOR содржи ефикасна активна формула која што го спречува оштетувањето на клетките предизвикано од светлина и од штетните УВА и УВБ зраци. Кожата е совршено хидрирана и заштитена, и го задржува својот младешки изглед. Сега безгрижно може да уживате во сонцето.

BABOR MEN


Идеален производ за нега на мажи за витална, моќна и отпорна кожа.


Подобрете ги вашите резултати со BABOR MEN професионалните производи за нега на пребирливата машка кожа.
Современите мажи постојано сакаат да бидат на врвот, а нема разлика ниту во нивните очекувања кога станува збор за нега на кожата.
BABOR MEN нуди специфични решенија за да ја освежи и зајакне кожата и да ја подобри нејзината отпорност.
Taurec – моќниот активен комплекс единствен во линијата BABOR MEN – ја смирува кожата и ја зајакнува нејзината природна виталност и енергија.
Кожата изгледа помазна и беспрекорно негувана. Изгледа добро заштитена и е поотпорна на надворешните влијанија и стресот.

ESSENTIAL CARE


24-часовна нега за младешка кожа.


Essential Care е едноставна и некомплицирана колекција дизајнирана да овозможи основна нега на кожата. Претставува одличен вовед во нега на кожа за најчестите типови на кожа (сува, осетлива, масна или комбинирана кожа) и ја снабдува кожата со најважните основни активни состојки за да создаде свеж и негуван изглед на тенот. 24-часовните формули се приспособени според потребите на кожата и ја навлажнуваат, смируваат и ја поттикнуваат нејзината регенерација.